Според правната рамка на РМ, донациите и спонзорства се дефинирани како доброволна и безусловна помош во пари, добра и услуги која не создава директна корист за давателот ниту обврска за враќање од примателот на донацијата и која може да биде дадена за цели од јавен интерес или за поддршка на активностите на примателот. Како и сите други институции кои спроведуваат дејности од јавен интерес, така и Зоолошката Градина Битола може да прими спонзорство или донација од било кое правно или физичко лице. Со нив, ќе се реализира јавниот интерес кој Зоолошката Градина го остварува а тоа пак ќе создаде бенефити за целокупната заедница.

Кои се предностите на спонзорирањето на Зоолошката Градина:

  • Му овозможува на спонзорот на иновативен начин да го презентира својот производ и услуга, избегнувајќи го традиционалното медиумско презентирање и високите трошоци за медиумски закуп,
  • Му овозможува на спонзорот алтернативен контакт со неговите целни групи во период на нагласена промена на медиумските навики кај целата популација,
  • Му овозможува на спонзорот пристап до специфичен пазарен сегмент
  • Му овозможува на спонзорот реализација и на другите корпоративни цели и подцели (подигање на моралот на самите вработени, подигање на нивото на корпоративна култура, иницирање на граѓанска иницијатива...),
  • Претставува одличен начин за остварување на општествена одговорност,
  • Со спонзорството се дава можност за иницирање или подигање на јавната свест за конкретната понуда на спонзорот.

Во таа смисла, спонзорствата и донациите во Зоо Битола можат да бидат во форма на:

  • Потрошувачки промоции на производи при кои Зоолошкта Градина се користи како изложбен простор
  • Спонзорства на специјални настани (концерти)
  • Кумство на новороденче
  • Финансирање на едукативни програми
  • Онлајн маркетинг и маркетинг преку социјални медиуми
  • Донација на материјали и услуги (храна за животните)
  • Поставување на промотивни материјали на територијата на Зоолошката Градина
  • Реновирање на живеалиште и посвојување на животно
  • Донаторски вечери

За деталите, формата, содржината и начинот на спонзорствата и донациите, секое правно или физичко лице може да го контактира менаџментот на Зоо Битола.

Најнови вести

Направени се бројни реконструкции и изградби од кои би се истакнале следните:
  • Реконструиран е тоалетот за посетители;
  • Поставена е реклама на влезниот портал;
  • Активиран е временски објект за одмор и освежување на посетителите (сладолед, кафе, чај и безалкохолни пијалоци);
  • Санирана е оградата на периметарот на Зоолошката градина;
  • Изградена е нова кланица;
  • Реконструиран е базенот со фонтаната во централното подрачје на Зоолошката;
  • Изградена е летна сцена за одржување на културни манифестации;
  • Поставени се 44 канделабри за осветлување на Зоолошката градина;
  • Инсталирана е струја во селска куќа со фарма(истиот е спремен за одржување на роденденски прослави) и живеалиштата за мајмуни и мечки;
  • Извршени се додатни градежни работи кај живеалиштето за нилски коњ, за зголемување на безбедноста на истото;
  • Организирана е културно уметничка програма во рамките на БИТ ФЕСТ под наслов „ЗОО ФЕСТ“;
  • Брендиран е МИНИ БУС со логото на Зоолошката градина;
  • Во тек е постапка за целосен видео надзор на Зоолошката градина;
  • Поставени ПП апарати, како и сандаци за прва помош;
  • Снимени се 5 (пет) епизоди од серијата ЗОО ТV;
  • Изработена е оваа веб страница, а направено е и освежување на facebook страницата;
  • Хортикултурно уредена патека, за пролетните месеци;

Информации за контакт

Тумбе Кафе б.б.
+389 (0) 47 222 956
+389 (0) 47 202 033
[email protected]
www.facebook.com/zoobitola

Copyright © 2015. Спонзорирано од ЕУ.