Класа: mammalia; Ред: carnivore; Фамилија: felidae; Должина: 160-250 cm; Висина: 100-120 cm; Тежина: 150-225 kg; Распространетост: Централна и Јужна Африка; Живеалиште: савани, полупустини; Исхрана: месојадни; Животен век: околу 25 години; IUCN статус: чувствителен;

Заради својот цврст карактер и силно тело е наречен Крал на животните. Кога лавот рика, другите животни можат да го чујат на далечина од 8 км. Со тоа тој ги предупредува натрапниците и ја собира групата во која што живее. Мажјакот може да достигне тежина до 250 килограми.

Главна надоврешна карактеристика што ги разликува мажјакот и женката, но и лавот од другите мачки е неговата грива околу вратот. Лавот во природни услови живее од 10 до 14 години, а во контролирани услови во заробеништво може да живее и повеќе од 20 години. Најпогодно географскo опкружување му се савани и тревници, грмушки и шума. Лавовите се најдруштвените животни во фамилијата мачки.

Од Лавовите има три од кои една е Сузи од татко Елзан и мајка Сузана родена во Битола 2001 година, Хераклес од татко Бамбо и мајка Кјара роден на 30.03.2011 Београд поклонет на 20.09.2012 година и Љупко од татко Бамбо и мајка Кјара роден на 30.03.2011 Београд поклонет на 20.09.2012 година.

Класа: mammalia; Ред: carnivore; Фамилија: felidae; Должина: 220-250 cm; Висина: 100-120 cm; Тежина: 160-290 kg; Распространетост: Jужна Азија; Живеалиште: дождовни шуми, камењари; Исхрана: месојадни; Животен век: околу 25 години; IUCN статус: загрозен;

Околината во која што живее тигарот мора да е со бујна вегетација, многу трева, вода и да изобилува со плен. За разлика од другите видови на мачки, тигарот се дивижи низ густа и бујна вегетација затоа што тоа му овозможува подобра камуфлажа (неговото крзно е многу слично по боја и шара со околината во која што живее) и полесен лов. Тој е животно кое одлично плива. Обожава во најтоплите делови на денот да се бања, што не е својствено за другите мачки (освен за јагуарот).

Шарката на неговото крзно се состои од околу 100 пруги. Таа е единствена кај секое животно и може да се употребува за негово препознавање. Тигарот е најголемата мачка во дивината и неговата тежина може да достигне повеќе од 300 кг. Просечната должина изнесува околу 3-3.5 метри. Омилена храна му се антилопа, бафало, елен, дива свиња, зајак.

Тигар сибирски има еден по име Путин роден на 16.04.2011 Скопје.

Класа: mammalia; Ред: carnivore; Фамилија: ursidae; Висина: 200-300 cm; Тежина: 100-250 cm; Распространетост: низ цела Европа, Северна Америка и Азија; Живеалиште: планински предели, густи шуми, тундри; Исхрана: сештојад; Животен век: околу 25-35 години (во заробеништво до 45 год.); IUCN статус: не загрозен;

Оваа гордост на Македонија може да тежи и над 500 kg. Долга е скоро 3 метри и има брзина на движење до фантастични 56 km. на час. Главна карактеристика и е „зимскиот сон“. За време на зимскиот сон, мечката е во состојба на намалена активност на организмот (бавно дише, бавно ја вари храната) проследена со ниска телесна температура.

Резервите на хранливи материи кои и се потребни за време на периодот на зимскиот сон мечката ги складира во текот на летниот период и тие можат да достигат и до 180 kg. 90% од исхраната која мечките ја јадат се состои од растителни продукти. Во ретки случаи, таа може да лови и елени, срни, бизони, лосови.

При ловот таа ги користи забите-очници и многу ретко своите шепи за да зададе удар. Вкупната популација на кафеави мечки во светот е проценета на 200.000 примероци. Заради тоа истата не се смета за загрозен вид.

Имаме четири мечки: Марко роден 2008 година во Охрид донесен од ветеринарна инспекција на 07.06.2010 година во ЗОО Битола, Медени кој е поклонет од ловечко друштво, роден во февруари 1997 година, Мери родена на 02.1990 година донесена од ловечко друштво април 1990 година и Менде роден 02.1990 година донесен од ловечко друштво април 1990 година. Менде и Мери се донесени на двo месечна возраст.

Итрецот од нашите омилени бајки и приказни. Во природата лесно може да се препознае по својата црвена боја и црните нозе. Како и луѓето, во текот на ладните зимски денови ова животно „облекува зимски капут“, односно неговото крзно дополнително расте за да ја одржи температурата на телото. Омилени јадења на лисицата се домашните птици: кокошки, фазани, петли, гуски. Но, на своето мени имаат и млади срни, прасиња од дива свиња или некоја жаба или гуштер.

Таа обожава „ноќен живот“ и редовно лови и живее сама. Црвената лисица од Зоолошката Градина во Битола има свои роднини во Америка, Европа, Северна Африка и Азија.

Лисица има една по име Лили, родена во с. Крклино донесена на 19.06.2002 година на двo месечна возраст.

Класа: mammalia; Ред: carnivore; Фамилија: canidae; Должина: 80-160 cm; Висина: 80 cm; Тежина: 20-80 kg; Распространетост: Северна Америка, Европа и Азија; Живеалиште: шуми и планински предели; Исхрана: месојадни; Животен век: околу 15 години; IUCN статус: не загрозен;

Лошкото од народните приказни и детските бајки. Сивиот волк е најголемиот претставник на семејството кучиња, и претставува предок на домашното куче. Живее во заедница (глутница, чопор) но често во природата можат да се видат и волци-самотници. Глутницата волци најчесто се состои од мажјак, женка и нивното потомство. Волците во дивина се хранат со големи тревопасни животни, срни, елени, но ловат и диви свињи, глодари, зајаци, куни и кртови.

Неретко се случува во недостаток на храна, волкот да се храни и со мрша или отпадоци. Постојат 37 подвидови на сив волк. На планетата Земја волкот постои повеќе од 800.000 години. Имаат цврста градба, моќна вилица и може да трчаат повеќе од 60 km. на час.

Од волците има еден по име Владо роден во ЗОО Битола 16.05.2011 година.

Класа: mammalia; Ред: primates; Фамилија: cercopithecidae; Должина: 46-78 cm; Тежина: 5-14 kg; Распространетост: јужна и источна Азија; Живеалиште: дождовни шуми; Исхрана: растителна и инсекти; Животен век: 20-25 години; IUCN статус: загрозен;

Шарени мајмуни кои потекнуваат од островот Шри Ланка. Тие изгледаат различно во зависност од нивното живеалиште. Макаките преферираат природни шумското земјиште кое може да има различна надморска висина: од нивото на морето па се до 6000 метри надморска висина. Макаките што живеат во ладна клима имаат дебело, темно кафеаво крзно, кратки екстремитети и опашка, додека оние што живеат во низински шуми имаат црвеникава или златна боја.

Макаките се сештојади односно сакаат да јадат овошје, семиња, ореви, печурки, безрбетници и повремено животни вклучувајќи влекачи и птици. Често знаат да упаднат на територијата каде што живеат луѓето и да украдат од нивните земјоделски посеви. Заради малиот број на единки, Макакито се смета за загрозен вид.

Од мајмуните има макаки со свински опаш и тоа: Трпе роден на 27.01.1998; Перо роден на 31.12.2009; Тамара родена во 1999 година; Танас роден на 02.01.2012 година; Ѓуро роден на 14.10.2012 година; Лили родена на 20.01.2007 година; Анѓа родена на 02.06.2012 година; Слободан роден на 18.10.2012 година; Габи родена на 03.03.2008 година; Стефи родена на 29.01.2009 година; Васа родена во 2006 година. Сите се родени во ЗОО Битола.

Исто така има макаки резус по име Касандра родена на 10.12.1999. Од мајмуните има и павијан маслинести: Диме од Скопје донесен 20.04.2011 година стар 7 години, Марјан од Скопје донесен 20.04.2011 година стар 7 години и Кика од Скопје донесена на 31.03.2015 стара 4 години. Од патас мајмуни има: Бучко роден на 08.06.2007 година од Скопје поклонет 28.11.2013 во Битола, Весна родена на 16.07.2011 поклонета на 28.11.2013 во Битола и Офелија родена на 26.05.2012 во Скопје поклонета на 28.11.2013 во Битола.

Најкротките жители на Зоолошката Градина. Голем дел од нив ни се познати на сите затоа што можат да се видат и во нашата околина како припитомени животни.

Некои од овие животни можат да достигнат старотст од 25-30 години.

Нивна карактеристика се завршетоците на нивните нозе на кои газат – тнр. копита кои во зависнот од видот можат да бидат парни или непарни. Копитото е составено од иста материјал како и ноктите кај човекот и затоа повремено истото треба да се крати, обликува и мазни.

Копитото им овозможува правилно движење низ различните терени во природата. Копитарите се тревојадни животни, јадат исклучиво во текот на денот, имаат релативно мал желудник а долги црева за варење на храната.

Со својата тежина која може да достигне и до 37 kg и висина поголема од еден метар, бабуните се едни од најголемите мајуни во природата. Иако немаат опашка со која можат да стискаат успеваат да се качат на дрво кога се во непосредна опасност, за спиење, или јадење. Јадат комбинирана храна која може да вклучи растенија, треви, пченка, листови но и птици, мали антилопи и овци. Бабуните, како ниедно друго животно во природата, живеат во групи со строга и цврста структура. Алфа-мажјакот кој е главен во групата повремено го покажува своето владеење врз другите членови на групата со тоа што им демонстрира физичка сила. Останатите членови на групата обожаваат да поминуваат голем дел од времето во чешлање и чистење еден со друг од инсектите и мртвата кожа.

Тука спаѓаат животните кои можат да се сретнат во селските дворови на нашите баби и дедовци. Овие животни потекнуваат од друг континент или територија, но со текот на времето тие успешно се приспособиле за живот на нашето поднебје. Во автохтоните македонски животни спаѓаат биволот, кравата Буша, мазгата, коњот, магарето, овцата. Човекот успешно ги припитомил овие животни и успеал да ги искористи во изведувањето на своите земјоделски активности. Заради тоа, освен еколошко, овие животни имаат и големо економско влијание. Најчесто се користат за добивање на млеко, волна, кожа, месо, но и за орање, влечење и превоз. Во минатото биле незаменлив дел на секое семејство, додека денес дел од нив можат да се сметаат за загрозен автохтон вид во изумирње.

Соколот е најбрзата птица на планетата Земја. Се храни со птици помали од него како гулаби, патки, сколовранци. При својот препознатлив „пад“ од небото, развива фантастична брзина која може да достигне 320 км на час. Пленот го лови исклучиво од воздух. Како и кај сите птици, мажјакот сокол е скоро за 1/3 помал од женката сокол.

Оваа птица-грабливец живее во гнезда изградени во дупки на непристапни карпи. Соколот никогаш не прави свое гнездо, туку најчесто користи стари напуштени гнезда од гаврани, или, едноставно ги несе своите јајца директно на тешко достапни карпи. Соколот вообичено снесува од 3 до 4 јајца, во зависност од пристапот до храна. Јајцата инкубираат 38-42 денови.

За да почнат да летаат надвор од гнездото и да станат неприкосновени ловци како своите родители, на малите соклиња им се потребни дополнителни 40 дена. Иако се многу издржливи птици, факт е дека само 30% од новородените соклиња успеваат да ја преживеат својата прва зима.

Сивиот сокол кој го има во Зоолошката Градина во Битола, може да достигне должина од 40 cm и има максимален распон на крилата од 80 cm. Распространет е на територијата на Евроазија и Африка. Се храни со ситни глодари, глувци или помали птици како врапчиња и клукајдрвци.

Соколот ветрушка се смета за ислкучително корисна птица затоа што природно го намалува бројот на штетници-глодари. Присуството на оваа птица во синџирот на исхрана на одредена средина е доказ дека квалитетот на природните ресурси во истата е на задоволително високо ниво.

Класа: aves; Ред: falconiformes; Фамилија: accipitridae; Тежина: 6-13 kg; Должина: 95-110 cm; Распространетост: јужна Европа, јужна Азија и северна Африка; Исхрана: мршојадец; Животен век: 30-40 години; IUCN статус: не загрозен;

Некои видови на оваа птица се сметаат за загрозени заради ектремно малиот број на единки кои можат да се најдат во природата. Еден од нив е белоглавиот орел кој живее на територијата на Мариово. Имаат исклучително развиено сетило за вид. Можат да видат риба на далечина од еден и пол километар. Во текот на ловот, нивната брзина достигнува цели 160 km/h. Гнездата ги градат на многу високи дрва или на тешко достапни карпести предели за да не им ги заштитат своите млади од нападите на другите животни. Распонот на крилата може да им достигне до 2 m а нивната тежина до 9 kg.

Има три белоглави мршојадци. Едниот по има Радмила од 1950 година, другиот Бане кој е размена со ЗОО Скопје од 28.04.2010 година и Илче роден на 28.05.2011 во ЗОО Битола од таткото Бане и мајката Радмила.

Птица која лови исклучиво ноќе. Должината на телото му се движи од 59 до 73 cm, а распонот на крилјата 160-190 cm. Најголема тежина која може да ја достигне е 2-4 kg. Бувот е помал од златниот орел. Има карактеристични големи пердувести "уши" на врвот на главата кои немаат никаква врска со ушните отвори кои се наоѓаат пониско на неговата глава.

Мажјакот и женката був не се разликуваат по надворешноста, бидејќи се потполно исти по боја и големина. Меѓутоа, мажјакот и женката був се разликуваат токму по пердувестите „уши“ кои кај женката се спуштени надолу. Имаат руво во топла сивкаста боја, градите му се нашарани со широки линии, "лицето" му е темно и на него особено се издвојуваат портокаловите очи.

Се храни со најразлични животни како глувци, стаорци и зајаци, мрша од поголеми животни но и риби и инсекти. Особено ужива кога јаде ежови, змии и творови и лилјаци.

Бувот се среќава само во изолирани места, но генерално го има во Европа и Азија, во стари широколисни и иглолисни шуми, степи, полупустини, влажни низини и суви, карпести терени.

Бувот јајцата ги полага на крајот на март, а вообичаено снесува 2-4 јајца. Малите буфчиња почнуваат да летааат на крајот на јуни а својата потполна зрелост ја достигнуваат дури во втората година од животот.

Буф Ушара има еден по име Ушко роден на 17.08.2011 година.

Класа: aves; Ред: struthioniformes; Фамилија: struthiomidae; Висина: 180-280 cm; Тежина: 63-160 kg; Распространетост: Африка; Живеалиште: Саваните; Исхрана: растителна; Животен век: 50 години; IUCN статус: вообичаен;

Според својата големина и тежина нојот е шампионот помеѓу птиците на планетата Земја. Висок е 2.7 m, во просек цел метар повисок од човекот а тежок и до 160 kg. Иако е птица, нојот не може да лета но затоа е одличен тркач. На кратко растојание нојот може да достигне брзина од 64 km/h. Најјакиот дел од своето тело, нозете, нојот ги користи не само за трачање туку и за одбрана од нападите на посилните животни. Својата сила за трчање, нојот ја добива јадејќи растенија, корени, листови и семенки, но и мали гуштери и инсекти.

Во природата, најдобри другари се со тревопасните животни како антилопи и зебри. Тревопасните животни им ги оставаат инсектите и помалите влекачи на ноевите да ги јадат, додека овие им алармираат нив ако во близина се појави некој непријател.

Во ЗОО Битола има поклонети два ноја, едниот Кеопс поклонет на 29.10.2008 год. а другиот Клеопатра поклонет на 29.10.2008 година.

Класа: aves; Ред: psittaciformes; Фамилија: psittacidae; Должина: 80-95 cm; Тежина: 0,9-1,3 kg; Распространетост: јужна Америка; Живеалиште: шуми, мочуришта и савани; Исхрана: растителна; Животен век: 80 години; IUCN статус: не загрозен;

Прекрасен, шарен и многу интелегентен претставник на фамилијата папагали. Има изразито колоритни и треперливи пердуви чија што боја е поврзана со местото на нивното потекло: дождовните шуми во Централна и Јужна Америка, каде одлично се вклопува во опкружувањето на цветови и бои. Клунот им е доволно силен за да можат со него да скршат орев или овошје.

Ножните прсти на арата се закривени за да може со нив да се држи на гранка или да ги испитува предметите кои планира да ги јаде. Арата живвее во групи од 10-30 единки и нивната дружба е проследена со гласни звуци со кои ја обележувааат својата територија но и се распознаваат помеѓу себе. Некои видови ара папагали можат успешно да го имитираат човечкиот говор.

Имаме Ара папагал по име Ное и е од формирањето на ЗОО Битола 1950 год.

Класа: mammalia; Ред: artiodactyla; Фамилија: camelidae; Должина: 90-210 cm; Висина: 175 cm; Тежина: 90-130 kg; Распространетост: Јужна Америка; Живеалиште: планински предели до 4000 m надморска височина; Исхрана: тревопасни; Животен век: околу 20-25 години; IUCN статус: не загрозен;

Ламата припаѓа на родот камили, живеат во стада каде има само едно машко и 4-10 женки.

Живеат на надморска височина меѓу 2200-3800 метри.

Карактеристично за нив е дека кога се во опасност плукаат со цел да го уплашат непријателот.

Женката раѓа едно младо.

Во ЗОО Битола има 3 Лами и тоа: Арон кој е роден на 11.05.2012 во ЗОО Битола со татко Горан и мајка Горана, Цвета донесена од Скопје на 31.03.2015 година на две годишна возраст и Вики донесена од Скопје на 31.03.2015 стара една година.

Класа: mammalia; Ред: cetartiodactyla; Фамилија: bovidae; Должина: 240-300 cm; Висина: 170 cm; Тежина: 800-1200 kg; Распространетост: потекло Јужна Азија, припитомен го има во Јужна Америка, Северна Африка и Европа; Исхрана: тревопасни; Животен век: околу 15-20 години; IUCN статус: не загрозен;

Тој е крупен копитар и член на фамилијата говеда.

Може да се пронајди во дивината во Јужна Азија, припитомен го има во Азија, ј. Америка, с. Африка, Европа.

Вкрстувањето на питомите со дивите биволи е една од причините на изумирање на дивите биволи.

Во Македонија се во фаза на исчезнување, најверојатно ги има само во зоолошките градини.

Во нашата зоолошка градина еден бивол по име Сара родена на 02.12.2004 во Битола.

Класа: mammalia; Ред: equus; Фамилија: equidae; Висина: 100-150 cm; Тежина: 150-200 kg; Распространетост: ширум цел свет; Живеалиште: планински предели, ливади.; Исхрана: тревопасни; Животен век: околу 50 години; IUCN статус: не загрозен;

Пони коњот е мал коњ кој што води потекло од вистинските диви коњи кои со текот на времето биле припитомени за работа.

Има повеќе раси на пони коњ кои најмногу се употребуваат за работа и рекреација (јавање).

По природа се мирни и омилени кај децата.

Имаме три пони коњи: Јована од Скопје донесена на 24.08.2010 на старост од 4 години, Белка родена на 12.2009 во ЗОО Битола, Луцифер кој е роден во Скопје, а донесен на 31.03.2015 кој е стар 5 години и Ванус роден во Скопје донесен на 31.03.2015 стар 3 години.

Лемури се ендемични примати од островот Мадагаскар.

Лемурите го населуваат практично целиот остров Мадагаскар.

Тие еволуирале за да се справат со екстремно разновирсната животната средина, а нивните адаптации им дале голем степен на разновидност.

До времето кога луѓето пристигнале на островот пред околу 2.000 години, имало лемури со градба како голем машки горила. Денес, постојат околу 100 видови на лемури.

Во битолската зоолока градина има прстеноопашест лемур и тоа Трипел роден 02.04.2005 во Амерсфорд Холандија донесен на 22.06.2015 од Скопје и Стип роден на 05.05.2007 од Амерсфорд Холандија донесен 22.06.2015 година од Скопје.

Феретките се припитомен вид на европските творови, кои пак се цицачи кои припагаат на истата генеза како и лисиците. Тие типично имаат кафеава, црна, бела, или комбинирана боја на крзното. Просечната должина им е 51 cm вклучувајќи опашка од 13 cm, а се со тежина која се движи околу 0.7–2 kg. Имаат просечен животен век од околу 7 до 10 години.

Историјата на припитомувањето на феретките не е целосно утврдена, исто како и на повеќето домашни животни, но најверојатно тие се припитомени уште пред 2500 години. Сеуште се користат при лов на зајаци, во некои делови од светот, а во растечки тренд е нивното користење како домашни миленичиња.

На 10.08.2013 поклонети ни се феретки четири по име Ветон, Маријета, Фатмире и Фланза.

Леопардите се моќни големи мачки во тесна врска со лавовите, тигрите и јагуарите. Тие живеат во суб-сахарска Африка, североисточна Африка, Централна Азија, Индија и Кина. Сепак, многу од нивното население се загрозени, особено надвор од Африка.

Леопардот е силно животно на кое му е удобно и на дрвјата, па често убива и на гранките. Делови од својот плен ги чуваат на безбедно на гранките, за да не бидат изедени од чистачи како што се хиените. Леопардите често остануваат незабележани од пленот заради шарите на нивнот крсно кое им дозволува да се вклопуваат со лисјата.

Овие ноќни предатори, исто така, ловат антилопи, елеи, како и свињи со тајни движења во високата трева. Кога човековите населби се присутни во нивна близина, леопардите често напаѓаат кучињата, но понекогаш и луѓе.

Леопарди се силни пливачи и многу сакаат вода, каде што понекогаш се хранат со риба или ракови.

Битолската зоолошка градина има два персиски леопарда: Зоран роден 02.06.2013, а донесен на 21.05.2014 од Скопје и Горан роден 02.06.2014 година, а донесен 21.05.2014 година од Скопје.

Којотот е врста која настанала во Северна Америка. Тоа е помал од неговиот близок роднина - волкот, а е приближно еднаков на северноамериканскиот стар златен чакал.

Тоа е многу флексибилно животно кое живее или во нуклеарни семејства или во лабаво поврзан чопор на разни поединци.

Има разновидна исхрана која се состои претежно од животни копитари, зајаци, глодари, птици, влекачи, водоземци, риба и безрбетници, иако исто така може да јаде овошје и зеленчук.

Тоа е многу вокално животно, чиј најпознат звук се состои од лелек кој го емитираат осамени поединци.

Kојоти во зоолошката градина има три и тоа: Миле роден 04.04.2009 година поклон од Белград на 20.09.2012, Милена родена на 16.04.2009 поклон од Белград на 20.09.2012 и Лале родена на 05.06.2013 поклон од Скопје.

Најнови вести

Направени се бројни реконструкции и изградби од кои би се истакнале следните:
  • Реконструиран е тоалетот за посетители;
  • Поставена е реклама на влезниот портал;
  • Активиран е временски објект за одмор и освежување на посетителите (сладолед, кафе, чај и безалкохолни пијалоци);
  • Санирана е оградата на периметарот на Зоолошката градина;
  • Изградена е нова кланица;
  • Реконструиран е базенот со фонтаната во централното подрачје на Зоолошката;
  • Изградена е летна сцена за одржување на културни манифестации;
  • Поставени се 44 канделабри за осветлување на Зоолошката градина;
  • Инсталирана е струја во селска куќа со фарма(истиот е спремен за одржување на роденденски прослави) и живеалиштата за мајмуни и мечки;
  • Извршени се додатни градежни работи кај живеалиштето за нилски коњ, за зголемување на безбедноста на истото;
  • Организирана е културно уметничка програма во рамките на БИТ ФЕСТ под наслов „ЗОО ФЕСТ“;
  • Брендиран е МИНИ БУС со логото на Зоолошката градина;
  • Во тек е постапка за целосен видео надзор на Зоолошката градина;
  • Поставени ПП апарати, како и сандаци за прва помош;
  • Снимени се 5 (пет) епизоди од серијата ЗОО ТV;
  • Изработена е оваа веб страница, а направено е и освежување на facebook страницата;
  • Хортикултурно уредена патека, за пролетните месеци;

Информации за контакт

Тумбе Кафе б.б.
+389 (0) 47 222 956
+389 (0) 47 202 033
[email protected]
www.facebook.com/zoobitola

Copyright © 2015. Спонзорирано од ЕУ.