Bootstrap Slider

Почитувани,

Со гордост можеме да информираме дека во нашата зоолошка градина, заклучно со 06/2015 зголемена е посетеноста во однос со 06/2014 за 98%, а исто така се зголемени и приходите од влезниците до 06/2015 во однос со 06/2014 за 98%. Посетеноста на Основните училишта од Општина Битола е над 30 пати во однос на 2014 година, а додека посетеноста од Основните училишта од другите општини е над 5 пати во однос на 2014.

Зголемен е фондот на животни за 7 единки по пат на донација од кои 1 (еден) мајмун Пвијан, 2 (два) мајмуни Лемури, 2 (две) Лани и 2 (два) Пони коњи.

Со размножување и раѓање по видови зголемен е бројот на животни за 19 единки и тоа за: 3 (три) црноглави овци, 1 (една) овца праменка, 2 (две) кози, 6 (шест) муфлони, 1 (едно) ждребе од обичен коњ, 5 (пет) којоти, 1 (еден) свински мајмун.

Отпочната e постапката за донесување нови животни како донација од ЗОО Белград.

Финансискиот извештај на нашата установа, заклучно со 06/2015 година, потврдува позитивна финансиска состојба.

Да видиш ти лав од Африка
и мајмун што многу зборува,
тигар што слуша музика,
не треба ништо - само насмевка.

Во кафезот на мечката
се спрема баш луда забава,
дојди и ти во нашата
зоолошка градина.

Ова е место за тебе,
место за мене,
за дружење со сите животни,
место за нас.

Денес е баш убав ден,
кај нас е секој среќен ден,
дојди и ти во нашата
зоолошка градина.

Најнови вести

Направени се бројни реконструкции и изградби од кои би се истакнале следните:
  • Реконструиран е тоалетот за посетители;
  • Поставена е реклама на влезниот портал;
  • Активиран е временски објект за одмор и освежување на посетителите (сладолед, кафе, чај и безалкохолни пијалоци);
  • Санирана е оградата на периметарот на Зоолошката градина;
  • Изградена е нова кланица;
  • Реконструиран е базенот со фонтаната во централното подрачје на Зоолошката;
  • Изградена е летна сцена за одржување на културни манифестации;
  • Поставени се 44 канделабри за осветлување на Зоолошката градина;
  • Инсталирана е струја во селска куќа со фарма(истиот е спремен за одржување на роденденски прослави) и живеалиштата за мајмуни и мечки;
  • Извршени се додатни градежни работи кај живеалиштето за нилски коњ, за зголемување на безбедноста на истото;
  • Организирана е културно уметничка програма во рамките на БИТ ФЕСТ под наслов „ЗОО ФЕСТ“;
  • Брендиран е МИНИ БУС со логото на Зоолошката градина;
  • Во тек е постапка за целосен видео надзор на Зоолошката градина;
  • Поставени ПП апарати, како и сандаци за прва помош;
  • Снимени се 5 (пет) епизоди од серијата ЗОО ТV;
  • Патувањето во Врање – тоа е не само историја и култура, туку и шопинг во Врање со неверојатни понуди во Lidl. Дознајте повеќе за најдобрите места за одмор и шопинг на нашата страница. Откријте го Врање со нас!
  • Изработена е оваа веб страница, а направено е и освежување на facebook страницата;
  • Хортикултурно уредена патека, за пролетните месеци;

Информации за контакт

Тумбе Кафе б.б.
+389 (0) 47 222 956
+389 (0) 47 202 033
[email protected]
www.facebook.com/zoobitola

Copyright © 2015. Спонзорирано од ЕУ.