Волонтерски сервис во Зоолошката Градина за прв пат е оформен и воспоставен во текот на 2012 година. Истиот беше предвиден во Акцискиот план за имплементација на Едукативната програма за маркетинг и промоција на Зоо Битола за оваа година. Потребата од волонтерски сервис се наметна како одговор на предизвиците кои се јавуваат во современото работење на сите Зоолошки Градини. Покрај постоечката Зоо егзибиција (флора и фауна), неминовно е вовдување на дополнителни услуги и производи кои ќе ги анимираат посетителите и ќе им го збогатат впечатокот од самата посета. Од друга страна, овие услуги и производи нудат можност да се едуцира пошироката популација, да се промовира постоечкиот биодиверзитет и со тоа истиот да се заштити.

Главната цел на волонтерскиот сервис во Зоо Битола е да ги спроведе активностите предвидени во изготвената Едукативна програма, односно преку непосредна комуникација и анимација на посетителите на Зоолошката Градина да го промовира и заштити природното богатство. Со тоа, непосредно ќе го зголеми степенот на знаења за животната средина и нејзините карактеристики кај пошироката популација.

За полесно исполнување на својата цел, членовите на волонтерскиот систем заедно со вработените во Зоолошката Градина и тим од стручни лица, развија корисни алатки во форма на четири Едукативни тури кои секојдневно им се нудат на самите посетители. Едукативните тури се дефинирани според различните категории на животни и нивните карактеристики кои моментално живеат во Зоо Битола. Покрај реализацијата на едукативните тури, зоо волонтерите се активно вклучени и во маркетинг и промоција на Зоолошката Градина, развивање и имплементирање на календарот на активности на Зоолошката Градина, комуникација со надворешни институции и воспоставување на соработка и секако, привлекување на поголем број на посетители.

Во моментот, волонтерскиот сервис брои четири членови, кои работат во две смени, една претпладне од 09:00 до 13:00 и една попладне од 16:00 до 20:00 часот.

Волонтерскиот систем е отворен за сите кои сакаат да му се приклулат. Најважни предуслови за да се стане волонтер во Зоолошката Градина се искрената љубов кон животните и изразените комуникациски споспобности на потенцијалниот волонтер.

За кандидатите кои ќе бидат избрани за волонтери, Зоолошката Градина обезбедува ориентациона обука за полесно исполнување на нивните работни обврски која се состои од три модули и тоа:

  • Зоологија
  • Маркетинг и промоција
  • Односи со јавност

Со волонтерскиот ангажман, покрај дадената можност да ги подобри состојбите во заедницата во која живее, како возврат за вложениот труд волонтерот ќе се здобие со зајакнати лични капацитети и ќе се стекне со специфични знаења од областа на зоологијата, маркетингот и односите со јавност.

Сите заинтересирани кандидати за волонтирање во Зоолошката Градина можат да се обратат кај нејзините одговорни лица и подетално да се информираат за тоа како се станува волонтер во Зоолошката Градина.

Најнови вести

Направени се бројни реконструкции и изградби од кои би се истакнале следните:
  • Реконструиран е тоалетот за посетители;
  • Поставена е реклама на влезниот портал;
  • Активиран е временски објект за одмор и освежување на посетителите (сладолед, кафе, чај и безалкохолни пијалоци);
  • Санирана е оградата на периметарот на Зоолошката градина;
  • Изградена е нова кланица;
  • Реконструиран е базенот со фонтаната во централното подрачје на Зоолошката;
  • Изградена е летна сцена за одржување на културни манифестации;
  • Поставени се 44 канделабри за осветлување на Зоолошката градина;
  • Инсталирана е струја во селска куќа со фарма(истиот е спремен за одржување на роденденски прослави) и живеалиштата за мајмуни и мечки;
  • Извршени се додатни градежни работи кај живеалиштето за нилски коњ, за зголемување на безбедноста на истото;
  • Организирана е културно уметничка програма во рамките на БИТ ФЕСТ под наслов „ЗОО ФЕСТ“;
  • Брендиран е МИНИ БУС со логото на Зоолошката градина;
  • Во тек е постапка за целосен видео надзор на Зоолошката градина;
  • Поставени ПП апарати, како и сандаци за прва помош;
  • Снимени се 5 (пет) епизоди од серијата ЗОО ТV;
  • Изработена е оваа веб страница, а направено е и освежување на facebook страницата;
  • Хортикултурно уредена патека, за пролетните месеци;

Информации за контакт

Тумбе Кафе б.б.
+389 (0) 47 222 956
+389 (0) 47 202 033
zoo-gradina-bt@t-home.mk
www.facebook.com/zoobitola

Copyright © 2015. Спонзорирано од ЕУ.