Зоолошката Градина е лоцирана на падините на ридот Тумбе Кафе, во непосредна близина на центарот на Битола. До Зоолошката градина лесно се стигнува од било кој дел на градот. Сите оние кои сакаат да ја посетат, доволно е само да стигнат до централното градско подрачје (Широк Сокак, Градската Саат Кула, Центарот за култура или Градскиот музеј) и да ги следат патоказните знаци кои го јасно го обележуваат патот до Зоолошката Градина.

Патеката која води до Зоо Битола е поплочена, поминува низ Градскиот парк и преку камени скалила или асфалтен пат води до влезот на Градината.

За посетителите кои доаѓаат да ја посетат Зоолошката Градина со автомобил или друго моторно возило, во непосредна близина на Зоолошката постои паркинг простор кој ги задоволува потребите дури и во деновите кога има значително зголемена посета на Зоолошката Градина.

Едукативните тури во Зоо Битола имаат за цел да ги запознаат најмладите посетители во Зооолошката Градина за животинскиот свет и неговите карактеристики. Турите се користат како алатка која преку забава и анимација на децата за време на нивниот престој во Зоолошката Градина, придонесува за зголемување на општите и специфичните знаења за постоечкиот биодиверзитет. Со тоа, се исполнува мисијата на Зоолошката Градина, се придонесува за заштита и промоција на домашниот и меѓународниот биодиверзитет а со тоа се зголемува заштитата на животната средина во Битола и Пелагонискиот регион.

Едукативните тури ги спроведуваат членовите на волонтерскиот систем на Зоолошката Градина и се дел од Едукативната програма за маркетинг и промоција на Зоо Битола.

Структурата на сите тури е иста и се состои од три делови:

Вовед

Секоја едукативна тура започнува со вовед од страна на Зоо волонтерот кој има за цел да им ја објасни на посетителите содржината на едукативната тура и очекуваните ефекти кои ќе се постигнат со истата. Најважно од се, за време на воведот, волонтерот ги запознава посетителите за правилата на однесување во Зоолошката Градина. Им се укажува кои се правилата за безбедност кои мора да ги следат не само за време на едукативната тура, туку и за време на посетата на Зоо Битола. Од друга страна, за време на воведот, волонтерот се запознава со очекувањата на посетителите, нивните омилени животни и степенот на нивните познавања за животинскиот свет.

Реализација на турата

Најчесто турите траат околу 40 минути. Се почнува со движење по одредена линија низ Зоолошката Градина, во зависност од содржината на конкретната тура. За време на реализацијата на турата, се развива дебата, се поставуваат прашања и се даваат одговори. Волонтерот обрнува посебно внимание на клучните поенти кои треба да се постигнат со реализацијата на турата. Темпото и динамиката на реализацијата на турата најмногу зависи од потребите и желбите на посетителите.

Завршна дискусија

По завршувањето на турата, се сумираат впечатоците, волонтерот ги искажува завршните зборови и се бара повратна информација од посетителите во врска со реализацијата и содржината на едукативната тура. Се поставуват дополнителни прашања и заеднички се извлекуваат нивните одговори. Се прави обид да се меморираат најбитните факти преку нивно повторување. На крајот на турата, посетителите, во зависност од возраста, добиваат едукативно-промотивни материјали поврзани со биодиверзитетот и работата на Зоолошката Градина.

Тура 1: Патека на боите

Опис на турата:

Турата ги вклучува сите животни во Зоолошката Градина и посетителите, меѓудругото, можат да ги видат лавовите, тигарот, мечките, бувот, ламата, домашните животни. Посебно внимание за време на турата се обрнува на птиците. Детално се анализираат звуците кои тие ги испуштаат, боите кои го красат нивното тело, перјата и пердувите кои ги имаат , големината на јајцата кои ги несат. Се прави споредба помеѓу јајцата од разични видови на птици, а потоа се дискутира која птица најдолго живее или која птица највисоко лета.

За време на турата, волонтерот и посетителите разговараат меѓусебно за систематизацијата на животните, континентите на кои тие живеат, фамилиите на кои тие припаѓаат, дали се опасни за луѓето, дали животните живеејќи во живеалиште можат да бидат опасни за посетителите, што луѓето не треба да прават за да не ги вознемируваат, која храна на кое животно му е најомилена, како изгледаат нивните малечки, кој родител повеќе се грижи за нив слични интересни теми. Волонтерот ги запознава посетителите и со начинот на живот, размножувањето, хранењето, и опстанокот во дивина на секое од животните.

Тура 2: Патека на пердувите

Опис на патеката:

Патеката главниот фокус го става на птиците во Зоолошката Градина. За време на турата, посетителите се здобиваат со знаења за потеклотото на птиците, нивните карактеристики, систематизација, поделба и способноста за различни адаптации на копно, во вода и во воздух. За време на турата, на посетителите во детали им се објаснива механизмот и уникатната способност за летање на овој вид животни.

Посетителите се запознаваат со физиолошките разлики помеѓу птиците што летаат, птиците што трчаат по копно и птици што во текот на еволуцијата научиле да пливаат.

Турата започнува со движење кон ноевите. Се дискутира местото на живеење, големината на јајцето и нивната способност за трчање.

Кај кафезот со орлите се се дискутира за различните видови и нивната улога во еко системот (белоглав орел мршојадец, орел глувчар).

Со движење се продолжува кон домашните птици и гулабите. Се дискутира важноста на домашните птици за човекот и неговиот живот.

Потоа, патеката на движење не води кон егозтичните птици – бисерки. Се обаснува начинот на нивно живеење и исхрана.

Пред крајот, патеката оди кон фазаните и пауните. Се дискутира грациозноста и улогата на боите во социјалниот живот на птиците.

Патеката завршува кај бувот и папагалите.

За време на прошетката, се дискутира и начинот на комуникација помеѓу птиците, односно се коментираат звуците кои ќе бидат чуени за време на движењето по патеката на пердувите.

На крајот на турата, се дискутира и формата и структурата на различни видови пердуви кои кај различни видови птици се адаптирани за функција на ладење, летање или пливање.

Тура 3: Патека на Саваната

Патеката ги опфаќа животните кои потекнуваат и живеат во саваната, нивните карактеристики, класификација и поделба како и различните адаптации за опстанок и преживување во дивината.

Се прави разлика помеѓу царството на живеење, фамилијата, родот на кој припаѓа, видот кој што го претставува класата и редот.

Патеката започнува со движење кон кафезот на лавовите. Се дискутира за местото на живеење, начинот на размножување, која фамилија ја претставуваат, како опстојуваат во дивината, како се размножуваат по колку младенчиња годишно може да роди женката, како се грижат за малечките како малечките опстојуваат во дивината, природната селекција итн.

Потоа со прошетката се продолжува кон кафезот на тигарот. Се дискутира за неговата големина, за боите и шарите на неговото крзно, за фамилијата која ја претсвува, како се размножува, како живее дали во заедница или сам, ако живее зо заедница тогаш кој е одговорен за безбедноста на стадото, кој се грижи за малечките, дали има алфа мажјак, ако го има како тој се претставува во дивината, кој род опстојува повеќе мажјаците или женките во саваната и итн.

По посетата на кафезите на лавот и тигарот се упауваме кон живеалиштето на нојот. Нојот е птица која живее во саваната. За неа се дискутира за начинот на живеење, големина на јацето, колку време е потребно за да се изведат малите и брзината на трчање. По завршувањето на турата, се дискутира што најмногу оставило впечаток кај посетителите, бојата на крзното, шарите, големината на шепите на животните, формата на устата, големината на забите, јачината на звуците, брзината на трчање и итн.

Тура 4: Патека на шумските животни

Опис на патеката:

Ги вклучува волкот, лисицата, мечката, срната и еленот. Има за цел да ги запознае посетителите со нивните карактеристики, класификации и поделба како и различните адаптации во секојдневието на дивината.

Се прави разлика помеѓу царството на живеење, родот, фамилијата врстата која ја претставуваат начинот на размножување и редот.

Патеката на шумските животние започнува со движење кон лисицата. Волонтерот има задача да ги запознае посетителите за животот на лисицата, за нејзиниот начин на размножување, живеење, исхранување и преживување во шумата. Колку малечки раѓа, кој се грижи за нив додека се мали, со каква храна ги нахранува, во какви места ги чува додека се мали и сл.

По посетата на лисицата, посетителите се упатуваат кон кафезот на волците. Волците се диви животни кои се сметаат за едни од најпаметните во целиот животиснки свет. Се дискутира за нивната големина, за начинот на исхранување, размножување, за зачувување на нивниот видот, род и врста.

Следни за посета се елените. Се дискутира за нивниот начин на живеење во шумата, како се размножуваат, како се хранат, дали живеат во заедница, во парови или сами. Посетителите се запознаваат со степенот на нивната загорзеност во дивиот свет.

Веднаш до живеалиштето на елените се наоѓа живелаиштето на нивните најдобри пријатели, срните. Кај срните со посетителите се дискутира за нивните основни карактериски и специфики кои ги имаат како животински род.

На крајот на турата, се посетува кафезот на мечката и се дискутира исто како и за другите животни, која фамилија род, ред и врста ја претставува, како се исхранува, начинот на хибернација во зимскиот период, големината на шепата, дебелината и бојата на крзното.

Тура 5: Патека на Џунглата

Опис на патеката:

Во Зоолошката градина во Битола имаме три врсти на животни кои потекнуваат од џунглата: мајмунот, папагалот и змијата.

Патеката на џунглата започнува со движење кон папагалот. Пред кафезот на папагалот се дискутира за неговото место на живеење, неговиот животен век, како се размножува, со што се исхранува, колку бои најмногу може да се забележат на неговите пердуви и дали до крајот на животот живее само со еден партнер или ги менува. Папагалот во Зоолошката градина во Битола е првиот, а воедно и најстар нејзин жител.

После посетата на папагалот се упатуваме кон кафезите на мајмуните. Во Зоолошката градина во Битола има три типа на мајмуни: павијани, бабуни и макаки. За мајмуните најкарактеристично е тоа што тие можат да се движат по дрвата и да скокаат по нивните гранки. Им се објаснува на кој вид припаѓаат, која фамилија ја претставуваат, како се размножуваат, како се хранат што најмногу сакаат да јадат, во кое царство живеат и кој ред го претставуваат. Исто така волонтерот им објаснува кој се грижи за младите, како се храната додека се најнемоќни, кој се грижи за нив и дали има поделба во грижата од страна на нивните родители.

Веднаш после посетата на кафезот од мајмуните посетителите заедно со волонтерот се упатуваат кон најубавото животно од џунглата. Змијата. Змијата е безножно животно и спаѓа во групата на влекачи. Како и сите влекачи така и змиите се ладнокрвни животни, не можат да произведат своја телесна топлина, и затоа се зависни од топлината на сонцето. Ги има во 2500 видови и повеќе од 10 фамилии. Успехот на нивниот опстанок се должи на нивната прилагодливост. Змиите ги има секаде освен на Антартикот. За змиите се дискутира како се размножуваат како се исхрануваат, дали живеат во заедница или сами, после колку време од раѓањето на младите ги напушта мајката и друго.

Најнови вести

Направени се бројни реконструкции и изградби од кои би се истакнале следните:
  • Реконструиран е тоалетот за посетители;
  • Поставена е реклама на влезниот портал;
  • Активиран е временски објект за одмор и освежување на посетителите (сладолед, кафе, чај и безалкохолни пијалоци);
  • Санирана е оградата на периметарот на Зоолошката градина;
  • Изградена е нова кланица;
  • Реконструиран е базенот со фонтаната во централното подрачје на Зоолошката;
  • Изградена е летна сцена за одржување на културни манифестации;
  • Поставени се 44 канделабри за осветлување на Зоолошката градина;
  • Инсталирана е струја во селска куќа со фарма(истиот е спремен за одржување на роденденски прослави) и живеалиштата за мајмуни и мечки;
  • Извршени се додатни градежни работи кај живеалиштето за нилски коњ, за зголемување на безбедноста на истото;
  • Организирана е културно уметничка програма во рамките на БИТ ФЕСТ под наслов „ЗОО ФЕСТ“;
  • Брендиран е МИНИ БУС со логото на Зоолошката градина;
  • Во тек е постапка за целосен видео надзор на Зоолошката градина;
  • Поставени ПП апарати, како и сандаци за прва помош;
  • Снимени се 5 (пет) епизоди од серијата ЗОО ТV;
  • Изработена е оваа веб страница, а направено е и освежување на facebook страницата;
  • Хортикултурно уредена патека, за пролетните месеци;

Информации за контакт

Тумбе Кафе б.б.
+389 (0) 47 222 956
+389 (0) 47 202 033
zoo-gradina-bt@t-home.mk
www.facebook.com/zoobitola

Copyright © 2015. Спонзорирано од ЕУ.