Како и во секој дом, така и во домот на животните постојат правила кои треба да ги почитуваат сите посетители за да можат животните во мир и хармонија да го поминуваат своето време во Зоолошката Градина.

Животните во градината служат за радост на нашите посетители. Од општ интерес е да се пазат и да не се повредуваат.

  • Забрането е дразнење или било какво вознемирување на животните.
  • Забрането е пушење во објектите на животните.
  • Посетителите не смеат да ги хранат животните во Градината.
  • Забрането е прескокнување,провлекување,наведнување низ оградите пред објектите кај животните. Предупредуваме дека не сносиме одговорност за настанатата штета ако не се придржувате кон оваа точка од уредбата.
  • Велосипеди, мопеди, кучиња и други работи кои можат да ги повредат посетителите или вознемират животните не смеат да се внесуваат во Градината.
  • Фотографирање, снимање за приватни потреби е дозволено, а без одобрение од управата на Градината не смее да се користат за комерцијални или рекламни намени. Снимањето во објектите може да се користи само во договор со овластено лице од Градината.
  • Деца до 10 години можат да ја посетат Градината во придружба на возрасни.
  • На нашите вработени дозволена им е контрола на влезниците. На нивно барање секој посетител е должен да ја покаже влезницата, која мора да ја чува се до напуштањето на Градината.
  • Секој посетител со самото купување на влезница е запознаен со оваа наредба, како и со забраната за хранење на животните. Непридржувањето кон оваа наредба повлекува последици и обврска за надомест на направената штета согласно позитивните законски одредби.

Најнови вести

Направени се бројни реконструкции и изградби од кои би се истакнале следните:
  • Реконструиран е тоалетот за посетители;
  • Поставена е реклама на влезниот портал;
  • Активиран е временски објект за одмор и освежување на посетителите (сладолед, кафе, чај и безалкохолни пијалоци);
  • Санирана е оградата на периметарот на Зоолошката градина;
  • Изградена е нова кланица;
  • Реконструиран е базенот со фонтаната во централното подрачје на Зоолошката;
  • Изградена е летна сцена за одржување на културни манифестации;
  • Поставени се 44 канделабри за осветлување на Зоолошката градина;
  • Инсталирана е струја во селска куќа со фарма(истиот е спремен за одржување на роденденски прослави) и живеалиштата за мајмуни и мечки;
  • Извршени се додатни градежни работи кај живеалиштето за нилски коњ, за зголемување на безбедноста на истото;
  • Организирана е културно уметничка програма во рамките на БИТ ФЕСТ под наслов „ЗОО ФЕСТ“;
  • Брендиран е МИНИ БУС со логото на Зоолошката градина;
  • Во тек е постапка за целосен видео надзор на Зоолошката градина;
  • Поставени ПП апарати, како и сандаци за прва помош;
  • Снимени се 5 (пет) епизоди од серијата ЗОО ТV;
  • Изработена е оваа веб страница, а направено е и освежување на facebook страницата;
  • Хортикултурно уредена патека, за пролетните месеци;

Информации за контакт

Тумбе Кафе б.б.
+389 (0) 47 222 956
+389 (0) 47 202 033
zoo-gradina-bt@t-home.mk
www.facebook.com/zoobitola

Copyright © 2015. Спонзорирано од ЕУ.