Според член 3 од Директивата на Европската Унија за чување на животни во заробеништво (Council Directive 1999 22/EC) of 29 March 1999), еден од условите кои треба да ги исполни секоја Зоолошка Градина на територијата на ЕУ се однесува на конзервацијата на биодоверзитетот (Земјите членки ќе ги превземат сите мерки за да се осигураат дека Зоолошките Градини на нивната територија промовираат јавно образование и подигање на свеста на населението во однос на зачувувањето на биолошката разновидност, особено преку обезбедување информации за видовите кои се дел од нивните матични стада и нивните природни живеалишта)

Препораките и насоките од оваа директива претставуваат основна водилка која ја следи и Европската Асоцијација на Зоолошки Градини и Аквариуми (ЕАЗА) и од сите свои членки бара нејзино доследно почитување.

Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија мора да ги усогласи начинот на работење и условите кои постојат во зоолошките градини кои ги има на своја територија.

Зоолошката Градина во Битола, во месец април 2012 година, официјално го доби статусот “потенцијален кандидат за членство во ЕАЗА – во фаза на реконструкција” и со тоа самата се обврза да ги имплементира сите барања на оваа европска организација, вклучително и барањето за конзервација на растителните и животинските видови.

Во однос на промоцијата и заштитата на целокупниот биодиврзитет кој го има во Зоолошката Градина, се превземаат следните активности:

  • Константно се инвестира во подобрување на живелиштата и условите во кои живее матичното стадо на Зоо Битола. Секоја реконструкција или доградба која се презема се стреми кон достигнување барем на минималните стандарди кои во моментот важат на територијата на Европската Унија. Главна водилка во реализацијата на овој процес претставува неодамна подготвената сеопфатна техничка документација за комплентна реконструкција на Зоолошката Градина.
  • Подготвена е Едукативна програма за маркетинг и промоција на Зоолошката Градина која меѓудругото предвидува соработка со надворешни институции (пред се училипшта и факултети). Преку оваа соработка се зајакнуваат стручните капацитет на Зоо Битола и се едуцира пошироката јавност за нејзината мисија, со што директно се придонесува за зачувување на постоечкиот биодиверзитет.

Едукативната програма успешно се имплементира и досега е воспоставена соработка со сите образовни институции во Пелагонискиот регион, Зоолошките Градини во Скопје, Љубљана, Будимпешта, Јагодина, Белград и Солун, и најбитно од се, со Европската Асоцијација на Зоолошки Градини и Аквариуми.

Конзервацијата и зачувувањето на биодиверзиетот останува еден од врвните приоритети во работата на Битолската Зоолошката Градина.

Меѓудругото, во матичното стадо на Зоо Битола се наоѓа еден исклучително редок животински вид – Белоглавиот мариовски орел (Gyps Fulvus). Тежината на оваа птица изнесува од 6 до 11 kg. Должината на орелот (од клунот до опашката) му се движи од 95 до 105 cm. Има исклучително голем распон на крила 240-280 cm. а во заробеништво живее и повеќе од 40 години.

Белоглавиот орел по своите физички карактеристики е многу голем, лета со широко отворени крила, малку издигнати нагоре во форма на буквата V, со „прстите” (врвовите на пердувите) прилично раздвоени, краевите на крилата подзавиени, со што се разликува од црниот мршојадец. Бојата на пердувите на внатрешнате страна е посветла од онаа на надворешната страна. Неговата глава и опашка се пократки, за разлика од големите орли. Многу е дружељубив, обично се движи во групи. Младите од возрасните се разлиуваат по потемната (црвеникава) боја и кафејава јака на вратот.

Најчесто се гнезди во засеци на карпи, во колонии, кои можат да достигнат и по неколку десетици парови. Во ретки случаеви може да завземе гнездо на некоја друга птица (гавран, орел) и истото да го искористи за полагање на своите јајца.

Кога е во потрага по храна, се движи на големи растојанија па неретко се оддалечува од својата колонија или од заедничкото место за спиење и по неколку десетици километри.

Најчесто се храни со угинати домашни животни, иако неретко се храни и со друг вид на угинати животни.

Периодот на парење му е од декември до средина на февруари во кој полага само едно јајце. Процесот на инкубацијата трае до средината на април, а младото останува во гнездото до средината на август.

Во моментот во Зоолошката Градина во Битола живее еден пар на вакви орли, кои во текот на 2011 година успешно на свет донесоа потомство, со што директно го продолжија постоењето на нивниот вид.

Со цел зачувување на овој редок биодиверзитетен примерок, во Зоо Битола се превземаат повеќе активности:

Белоглавиот орел е дел од едукативните тури наречени Патека на пердувите и Патека на боите, кои се наменети пред се за едукација на најмладата популација која ја посетува Зоо Битола, а со тоа и придонес кон зачувувањето на биодиверзитетот преку негова промоција.

Понатаму, планирано е во процесот на реконструкција на Зоолошката Градина, да се изгради живеалиште за оваа птица кое ќе ги има во себе вклопено најсовремените стандарди во поглед на безбедноста, транспарентноста и услови за живот на самото животно приближно исти како во неговото природно опкружување.

Најнови вести

Направени се бројни реконструкции и изградби од кои би се истакнале следните:
  • Реконструиран е тоалетот за посетители;
  • Поставена е реклама на влезниот портал;
  • Активиран е временски објект за одмор и освежување на посетителите (сладолед, кафе, чај и безалкохолни пијалоци);
  • Санирана е оградата на периметарот на Зоолошката градина;
  • Изградена е нова кланица;
  • Реконструиран е базенот со фонтаната во централното подрачје на Зоолошката;
  • Изградена е летна сцена за одржување на културни манифестации;
  • Поставени се 44 канделабри за осветлување на Зоолошката градина;
  • Инсталирана е струја во селска куќа со фарма(истиот е спремен за одржување на роденденски прослави) и живеалиштата за мајмуни и мечки;
  • Извршени се додатни градежни работи кај живеалиштето за нилски коњ, за зголемување на безбедноста на истото;
  • Организирана е културно уметничка програма во рамките на БИТ ФЕСТ под наслов „ЗОО ФЕСТ“;
  • Брендиран е МИНИ БУС со логото на Зоолошката градина;
  • Во тек е постапка за целосен видео надзор на Зоолошката градина;
  • Поставени ПП апарати, како и сандаци за прва помош;
  • Снимени се 5 (пет) епизоди од серијата ЗОО ТV;
  • Изработена е оваа веб страница, а направено е и освежување на facebook страницата;
  • Хортикултурно уредена патека, за пролетните месеци;

Информации за контакт

Тумбе Кафе б.б.
+389 (0) 47 222 956
+389 (0) 47 202 033
zoo-gradina-bt@t-home.mk
www.facebook.com/zoobitola

Copyright © 2015. Спонзорирано од ЕУ.